Website LogoОБЈАВИ БЕСПЛАТНО
Logo dark ОБЈАВИ БЕСПЛАТНО

Услови за користење

Кој и како може да ги користи услугите

Корисник на услугите на Nekrolog.info може да биде секое физичко лице кое има навршено возраст од 18 години и секое правно лице од Република Македонија или било која држава во светот.


Секој корисник се обврзува

Да создаде само една корисничка сметка и да внесува свои точни податоци.

Со прифаќањето на Правилникот за користење на услугите на Nekrolog.info секој корисник пред да ги користи услугите, изјавува дека е на возраст над 18 години, ако пак корисникот е на помала возраст и пристапи своеволно во тој случај Nekrolog.info не сноси одговорност.

Малолетни лица не смеат да пристапуваат на веб страната Nekrolog.info ниту пак да даваат податоци без присуство и дозвола на родител/старател.

Nekrolog.info не прибира и не користи лични податоци од малолетни лица.

Правна сигурност за корисниците

Заштита на личните податоци

Заштитатата на вашите лични податоци е наша основна грижа согласно законските прописи на Сојузна република Германија и регулативите на ЕУ и Република Македонија.

Вашите лични податоци се целосно заштитени од било каков неовластен пристап и злоупотреба.

Базата на веб страната со сите нејзини податоци е поставена на сервер во Германија. Тоа пак подразбира дека заштитата на вашите податоци е уредена согласно законите на Германија и регулативите на ЕУ кои се однесуваат на заштитата на личните податоци.

Секоја идна промена на правилата за заштита на личните податоци ќе биде обвјавена 30 дена пред да стапат во сила овде за да бидете навремено и целосно информирани.

Секој корисник е одговорен лично за точноста за податоците кои ги внесува при креирањето корисничка сметка на веб страната Nekrolog.info.

За точноста на податоците Nekrolog.info не е сноси одговорност. Кога Nekrolog.info ќе утврди или се посомнева дека внесените податоци на некој корисник се неточни тогаш Nekrolog.info го задржува правото да ја поништи таа корисничка сметка без претходна информација на нејзиниот сопственик со неточни податоци или пак ако процени дека е потребно ќе го извести сопственикот на корисничката сметка со неточни ифнромации за да побара да внесе точни податоци ако сака да биде корисник на Nekrolog.info.

Корисникот е одговорен за безбедноста на корисничкото име и лозинката на својата корисничка сметка.

Во случај трето лице да има неовластен пристап до корисничката сметка на корисникот или пак постојат сомнежи за тоа, тогаш споственикот треба веднаш да не извести на приложените контакти.

Корисникот секогаш има можност да уредува дел од податоците на корисничката сметка или да ја избрише трајно заедно со личните податоци. Откако ќе престанете да ги користите нашите услуги вашите лични податоци ќе бидат трајно избришани од нашиот систем.

Секој корисник кој ќе се регистрира има пристап до сите содржини и може да биде корисник на сите услуги на Nekrolog.info.

Nekrolog.info ќе преземе соодветните законски постапки и пријавување пред надлежните органи против лицата кои:

Користат содржини од Nekrolog.info за повредување на личната приватност на било кое лице.

Користат лажни податоци.

Ги прекршуваат условите и правилата.

Шират навреди, клевети, расистички пораки, порнографски и сексистички содржини, насилство и други содржини спротивни на законите.

Го злоупотербуваат своето членство во Nekrolog.info.

Користат податоци на други лица без нивна дозвола и информирање.

Nekrolog.info не одговара за постапките на корисниците, туку кога ќе евидентира незаконско однесување врши нивно пријавување до надлежните органи и спречува да бидат корисници на http://nekrolog.info.

Авторски права

Содржините на Nekrolog.info, вклучувајќи услуги, графика, логоа, фотографии, аудио и видео содржини се во сопственост на Nekrolog.info и се се заштитени со авторски права. Истотака и содржините од трети лица кои по нивно овластување се поставени на Nekrolog.info.

Преземање на содржини од Nekrolog.info е можно само исклучиво со дозвола од Nekrolog.info.

Заштита на интелектуланите права на корисниците

Nekrolog.info ги почитува личнита права на корисниците и нивната интелектуалната сопственост. Кога корисниците ќе забележат дека нивните права се повредени од трет субјект, потребно е да не информираат преку електронската дреса или телефон.

Cookies

На веб страната не употребуваме cookies.

За дополнителни прашања во врска со заштитата на личните податоци можете да ни се обратите на:

Емаил: office@nekrolog.info

Телефон: 00 38 976 346 702

< < Назад

Прати порака