Website LogoОБЈАВИ БЕСПЛАТНО
Logo dark ОБЈАВИ БЕСПЛАТНО

Како да пратите тажна вест, тажен помен или сеќавање

Внесете име, презиме, адреса на живеење, број на телефон и е-маил.
Откако ќе се регистрирате успешно тогаш на е-маил-от ќе добиете допис за активирање на корисничката сметка која ќе има единствен индентивикационен број (ИД) и веќе ќе можете да ги користите нашите услуги-да испраќате тажна вест, тажен помен или сеќавање за починато лице.

Внесете ги основните податоци за починатото лице;

Испратете Посмртница, во форма на слика (пример можете да ја фотографирате со мобилен телефон или фото апарат) и да ја прикачите во делот за внесување податоци за починатото лице при постапката за праќање некролог;

Посмртницата е потребнa за доказ и потврда за точноста на информациите за починатото лице за да се спречат евентулани злоупотреби од несовесни граѓани поради кои може да настанат непријатности;

Ако не сте во можност да испратите Посмртница од било кои причини, тогаш е потребно да приложите друг доказ или да ни се јавите на некој од достапните контакти;

Текстот/содржината за Тажна вест, Тажен помен или Сеќавање го внесувате по ваш избор во полето за таа намена. Дозволено е да внесете текст со максимум 800 карактери.;

Фотографија од починатото лице; Ваш избор е дали ќе ни пратите фотографија од починатото лице или не. Ако ни пратите таа ќе биде објавена заедно со содржината која вие ја составувате и ни ја праќате;

Пред да биде објавена Тажна вест, Тажен помен или Сеќавање нашиот тим ќе ги провери информациите за испраќачот на некрологот и ако податоците за починатото лице се точни, тогаш Тажната вест, Тажниот помен или Сеќавање ќе биде објавена и воедно ќе бидете информирани преку е-маил;

Тажна вест, Тажен помен или Сеќавање без доставување на потребните информации нема да бидат објавени се додека не бидат доставени информациите кои се потребни;

Ако имате проблеми со постапката преку веб страната да објавите Тажна вест, Помен или Сеќавање​ тогаш ве молиме да ни испратите текст, фотографија и доказ за починатото лице на следната е-маил: office@nekrolog.info или да ни се јавите на следниот телефон 00 389 76 346 702
< < Назад

Прати порака