Сеќавање
Коле Чашуле е роден 1921 година во Прилеп, каде завршува основно училиште и нижа гимназија, а виша гимназија завршува во Битола. Студирал медицина на Белградскиот универзитет и активно се вклучил во прогресивните движења (во СКОЈ), а учествувал и во многу штрајкови и демонстрации. Се вклучува во партизанскиот прилепски одред, но подоцна е затворен. Од затворот бега 1944 година и почнува со објавување песни и раскази во партизанските весници. По војната бил основач и уредник на поголем број списанија и весници, како и главен уредник и директор на Радио Скопје и управник на Македонскиот народен театар.
Пишувал песни, раскази, есеи, критики, но сепак најобемно и најзначајно е неговото драмско творештво.
Тој е претставник на новата, повоена генерација драматурзи, кој употребува сосема нов, модерен израз и исто така нови тематски преокупации.
Негови најпознати драми се: „Црнила“, „Вител“, „Вејка на ветрот“, „Градскиот саат“ и др.
Чашуле во 1952 година заминува на својата прва дипломатска должност во Торонто, каде е именуван за генерален конзул на Југославија во Канада. Подоцна станува и југословенски амбасадор во Боливија, Перу и во Бразил. Во 1956 година е именуван за прв министер за култура на НР Македонија.
Починал во Скопје на 22 септември 2009, на 88 години.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.