Сеќавање
Никола Јанакиев Карев (Крушево, 23 ноември 1877 - с. Рајчани, Кочанско,27 април 1905) бил македонски социјалист, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација и раководител („претседател“) на Крушевската република. Никола Карев загинал кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, Кочанско, во борба против османлиската војска. Посмртните останки на Карев, во 1953 година, по повод одбележувањето на 50-годишнината од Илинденското востание, биле пренесени во Крушево. На 11 април 1990 година, тие биле пренесени во Македониумот.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.