Сеќавање
Борис Стојчев (Битола, 1 јуни 1924- Toронто, 15 април 2010) бил канадски универзитетски професор и афирмиран научен работник од областа на физиката, со македонско потекло. Проф. д-р Борис Стојчев, Македонец и иселеник во прва генерација, успеал со големи напори и труд да се афирмира во новата средина и да добие бројни научни признанија во Канада и надвор од неа. Како виден граѓанин на својата нова татковина, тој бил активно присутен во средината на македонското иселеништво и градот Торонто и пошироко во Канада. За својата научна работа и постигнатите резултати бил одликуван со повеќе канадски и странски одликувања и почесни звања.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.