Жална вест

112 приложени свеќи

Благој Истатов

5/4/1947 - 27/9/2018

Благој Истатов (роден на 5 април 1947 година во Струмица - 27 септември 2018 година во Струмица ) — поранешен македонски фудбалер, кој играл на позицијата голман.

Благој Истатов е роден на 5 април 1947 година во Струмица. Како мал се занимавал со борење, за да во 1963 година започне да настапува за ФК Беласица. Својата играчка фудбалска кариера ја завршил во 1983 година, а како проштален натпревар му бил против ФК Партизан на стадионот Младост во Струмица.

За ФК Беласица настапувал до 1968 година, кога потпишал за ФК Победа од Прилеп, и за која екипа имал одиграно 31 натпревар. Во 1973 година потпишал за белградски ФК Партизан, за која екипа имал одиграно 44 натпревари, и со оваа екипа го има освоено првото место во сезоната 1975-1976 година во Југословенската прва фудбалска лига. Од 1976 до 1978 година настапувал за ФК Утрехт.

Истатов има настапувано и за Фудбалската репрезентација на Југославија.

Оставете порака

Преглед на пораки


  • Нема оставено пораки

Приложете свеќа


Да можете да праќате​ пораки​ ​под Тажната вест/Тажниот помен​ потребно е да сте најавени на веб страната ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.

Top