Сеќавање

73 приложени свеќи

Стенли Кјубрик

26/7/1928 - 7/3/1999

Стенли Кјубрик ( 26 јули 1928 – 7 март 1999) бил американски режисер, писател, продуцент и фотограф чии филмови се сметаат за класици во светската кинематографија. Кјубрик е познат по внимателноста со која ги одбирал темите, бавното темпо на работа, жанровската разновидност, техничкото совршенство, одбивањето да зборува за своите филмови и оддалечувањето од јавниот живот. Тој секогаш имал потполна контрола врз своите филмови и ги правел на свој начин и без временски ограничувања, но и секогаш имал финансиска поддршка од големите филмски студија, што е ретка привилегија.

Филмовите на Кјубрик се карактеристични по формалниот визуелен стил и извонредната композиција на фотографија во која се внимава на најситни детали. Неговите подоцнежни филмови содржат елементи на надреализам и експресионизам, а често и немаат линеарна нарација. Некои ги гледаат филмовите како одраз на опсесивната и перфекционистичка природа на Кјубрик. Една од темите која се повторува во неговите филмови е човековата нехуманост кон човека. Некои критичари велат дека филмовите содржат ироничен песимизам, но други сметаат дека, при внимателно набљудување, филмовите всушност содржат еден вид претпазлив, воздржан оптимизам.

Оставете порака

Преглед на пораки


  • Нема оставено пораки

Приложете свеќа


Да можете да праќате​ пораки​ ​под Тажната вест/Тажниот помен​ потребно е да сте најавени на веб страната ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.

Top