Сеќавање

Aтина Бојаџи

13/3/1944 - 28/12/2010

Атина Бојаџи (13 март 1944 во Охрид - 28 декември 2010 во Скопје) била македонска маратонка во пливање. Уште на 11 годишна возраст успева да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен стил, делфин стил итн.

Таа била светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон, одржан во 1962 година. Вкупно, двапати била светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 години, таа до денес останува најмладиот шампион на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња. Во 1962 година со испливување на патеката Капри - Наполи станува светски првак на солени води.

Врв на нејзината пливачка кариера е препливувањето на Ла Манш на 9 септември 1969 година (на истиот ден десет години порано и Нико Нестор го препливува Ла Манш) и со тоа станува првата Македонка која го остварила овој успех.  Во 1977 година во чест на овој подвиг на Атина Бојаџи снимен е филмот „Исправи се, Делфина“.

Потоа пливачката кариера ја заменува со тренерска, најнапред во белградскиот клуб „Црвена звезда“, а потоа и во спортски центар во Лос Анџелес, САД. Кон крајот на 1991 се враќа во Сараево, каде ја затекнува воената опсада на градот. Тука ги преживува најтешките моменти, а со помош на пријатели го напушта својот стан. За среќа, ги зема со себе сите освоени пехари, сведоштвото на нејзиниот успех. По враќањето во Македонија, вклучена е во организационите тела на Охридскиот пливачки маратон.

Во 1998 година Македонскиот олимписки комитет ја овенчува со признанието великан на македонскиот спорт, а во 2000 година дневниот весникот „Утрински весник“ ја прогласува за спортист на векот. Во нејзина чест, спортскиот комплекс кај Билјанини Извори во Охрид го носи нејзиното име.

Почина во Скопје по кратко боледување на 28 декември 2010 година.

Оставете порака

Преглед на пораки


  • Нема оставено пораки

Да можете да праќате​ пораки​ ​под Тажната вест/Тажниот помен​ потребно е да сте најавени на веб страната ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.

Top