Сеќавање

236 приложени свеќи

Петре Прличко

13/3/1907 - 16/11/1995

Петре Прличко (Велес, 13 март 1907 - Скопје, 16 ноември 1995) е актер во повеќе филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации. Сам по себе претставува вистинска легенда и завзема голем удел во македонското aктерство во 20-от век. И покрај тоа што бил запишан во гимназија, Петре Прличко не останал долго време таму. Во 1923 година ја напушта гимназијата и се приклучува кон патувачката група на Михајло Лазиќ. Откако прошетал низ неколку театарски дружини, во 1931 година, охрабрен од начинот на кој го примила публиката, тој основа свој сопствен театар "Боем".

Од 1939 членувал во Народниот театар во Скопје, па од 1944 во партизанскиот театар „Кочо Рацин“ кој подоцна прераснува во Македонскиот народен театар. Токму тука неговиот талент блеснува во полн сјај и тој станува најзначајната личност на македонската сцена во тоа време. Во меѓувреме го испробува својот талент и како театарски режисер.

Со филмот „Фросина“ (1952) тој го доживува своето филмско деби. Со своите импресивни комични трансформации и изведби на улоги на „човек од народот“ го истакнува својот посебен уметнички сензибилитет, на ниво на кое може да му завидат многу други наши актери.

Добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои наградите: АВНОЈ, „11 Октомври“, „Бранко Гавела“, Орден за заслуга (доделен од Георги Димитров) и други.
Во една прилика Петре Прличко изјави дека сепак ако мора да избере една улога како најдрага тоа секако ќе биде "Манданата" т.е. неговиот лик во филмот "Мис Стон", за која ја доби и наградата „Златна арена“.

Од неодамна востановена е награда за животно дело „Петре Прличко“ која се доделува на актер од средната генерација и таа се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и соодветна парична награда.

Во 2004 година Јелена Лужина објави монографија за Петре Прличко, во издание на „Магор“.

 

Оставете порака

Преглед на пораки


  • Нема оставено пораки

Приложете свеќа


Да можете да праќате​ пораки​ ​под Тажната вест/Тажниот помен​ потребно е да сте најавени на веб страната ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.

Top