Сеќавање

178 приложени свеќи

Ѓорѓи Колозов

25/2/1948 - 13/10/2003

Ѓорѓи Колозов (26 февруари 1948 во Богданци – 13 октомври 2003 во Скопје) e еден од најпознатите aктери во Македонија, најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, селанец, па дури и како Господ.

Дипломирал на Академијата за драмска уметност (денес Факултет за драмски уметности), на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година. По дипломирањето, тој е во постојан работен однос со Македонскиот народен театар.

На публиката и е познат по многубројните одиграни улоги во телевизиската серија „Македонски приказни“, за која, од 1984 г. имал снимено 300 епизоди. Во Драмата на Македонскиот народен театар се вработил од 1975 г. На оваа сцена имал остварено позначјани улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други.

Настапил во повеќе играни филмови како во македонска продукција така и во продукција на Вардар Филм во периодот на поранешна СФРЈ, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Тетовирање“ и други.

Оставете порака

Преглед на пораки


  • Нема оставено пораки

Приложете свеќа


Да можете да праќате​ пораки​ ​под Тажната вест/Тажниот помен​ потребно е да сте најавени на веб страната ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.

Top