Сеќавање

224 приложени свеќи

Владо Малески

5/9/1919 - 23/9/1984

Владо Малески (Струга, 5 септември 1919 - Струга, 23 септември 1984) бил истакнат македонски писател, општествено-политички работник, издавач и револуционер. Основно образование завршил во Скадар, Албанија, а гимназија во Битола. Студирал на Правниот факултет во Белград, но поради војната ги прекинал студиите. Бил учесник во НОБ на Македонија и е еден од најталентираните основоположници на современата македонската проза. Бил директор на Радио Скопје и уредник на списанијата „Нов ден“, „Современост“ и „Разгледи“. Работел во дипломатската служба (амбасадор во Либан, Етиопија и Полска) и бил член на Претседателството на СРМ. Станал член на ДПМ во 1946 година. Автор е на текстот на македонската химна „Денес над Македонија“. Исто така, автор е на сценариото за првиот македонски игран филм „Фросина“. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „4 Јули“, „АВНОЈ“, за книжевен опус на издавачкото претпријатие „Мисла“ и „Рациново признание“. Автор е на книгите: „Ѓурѓина алова“ (раскази, 1950), „Бранувања“ (раскази, 1953), „Она што беше небо“ (роман, 1958), „Војната, луѓе, војната“ (роман, 1967), „Разбој“ (роман, 1969), „Разгледи“ (статии, коментари, полемики, 1976), „Кажувања“ (раскази, 1976), „Записи на Езерко Дримски“ (роман, 1980), „Јазли“ (роман, 1990). 

Оставете порака

Преглед на пораки


  • Нема оставено пораки

Приложете свеќа


Да можете да праќате​ пораки​ ​под Тажната вест/Тажниот помен​ потребно е да сте најавени на веб страната ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.

Top