Сеќавање

207 приложени свеќи

Aтанас Бадев

14/1/1860 - 21/9/1908

Атанас Бадев (Прилеп, 14 јануари 1860 - Ќустендил, 21 септември 1908) бил македонски композитор, хорски и музички теоретичар и педагог, еден од првите професионално школувани македонски композитори. Основно образование завршил во родниот град, а потоа школувањето го продолжил во Солун и Бугарија, каде матурирал со одличен успех во Првата машка гимназија во Софија. За време на летниот одмор во 1879 г. основал црковно-училиштен хор во Прилеп. По желба на семејството две години студирал математика и физика во Универзитетот во Одеса. По враќањето од Русија се вработил во Солун, со намера да обезбеди средства за понатамошното образование.

Музика најпрвин студирал во Синодалната школа за црковно пеење во Москва, потоа кај Милиј Балакриев и Николај Римски-Корсаков при Дворската пејачка капела во Санкт Петербург. По завршените студии ја истражувал и собирал македонската народна музика, бил наставник по музика и хорски диригент во Солун. По бунот на учениците од Солунската гимназија (1896) е преместен во Русе, потоа во Самоков и во Ќустендил.

Во текот на својата професионална кариера, Бадев во Македонија воспитува бројни идни музички дејци од повеќе градови во земјата. Меѓудругото, врши истражувања и собира песни од македонската народна музика, а преку црковно-училишните хорови ја популазира литургиската музика.. Во периодот додека престојува во Русе, Бадев ја оформува својата „Златоустова литургија“, која е отпечатена во Лајпциг во 1898 година. Самото дело сведочи дека Атанас Бадев бил талентиран автор, голем мајстор на хорскот слог, како и на хармонскиот и полифоничен начин на компонирање.

Посебно е значајно неговото проучување на македонскиот музички фолклор. Во 1904 година тој ја објавува својата анализа на метричко-ритмичката карактеристика на македонскиот народна песна. Со свој реферат, Атанас Бадев настапува на Вториот конгрес на Музичкиот сојуз во Софија, каде што за прв пат се поставуваат основните елементи на теоријата за мешаносложените тактови. Трудот не е печатен, како и неговата збирка хармонизирани народни песни, чии ракописи до денес не се пронајдени.

Бадев воглавно компонирал вокални дела, световни и духовни, Сепак, „Златоустова литургија“, која меѓудругото била пишувана под влијание на руската духовна музика а врз основа на домашните специфики на Православното црковно пеење, претставува едно од најзначајните и „најиздржаните професионални дела меѓу композициите од овој вид во јужнославјанските земји кон крајот на XIX век“.

Атанас Бадев починал на 21 септември 1908 во Ќустендил.

Оставете порака

Преглед на пораки


  • Нема оставено пораки

Приложете свеќа


Да можете да праќате​ пораки​ ​под Тажната вест/Тажниот помен​ потребно е да сте најавени на веб страната ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.

Top