Сеќавање

156 приложени свеќи

Стерјо Спасе

14/8/1914 - 13/9/1989

Стерјо Спасе  бил албански писател и критичар од македонско потекло. Автор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби. Неговите дела се преведувани на неколку светски јазици.

Стерјо Спасе е роден на 14 август 1914 година, во село Глобочани, Мала Преспа, Република Албанија.  Основно  училиште завршил на албански и на грчки јазик во родното место и во Корча. Образованието го продолжил во Корча и во Елбасан, каде завршува Педагошка гимназија. Работи како учител во Дервичане, село во округот на Ѓирокастро (виз. Аргирокастро), а подоцна предава во Москополе, Корча и Тирана.

Пред Втората светска војна бил соработник на познатите списанија во Тирана и во Романија, како што се „АБЦ“, „АРС“, „Бота е Ре“ („Нов свет“) и др. Во овој период книжевната дејност на Стерјо Спасе е особено плодна. Тој интезивно твори и создава неколку значајни дела меѓу кои романите „Pse“ („Зошто“ - 1935), Afërdita" („Венера“ - 1944), збирките раскази „Kurorë rinije“ („Младински венец" - 1934), „Во прегратките на една жена“ (1934), „Невеста без превез“ (1944)  и др.

Во 1935 година во Корча го издава својот прв роман „Nga jeta në jetë. Pse!?" (" Од живот во живот - зошто". Во романот наречен едноставно "Зошто" (Pse), ремек-дело на неговото творештво,  тој ја опишува историјата на млад интелектуалец, кој се вратил во своето родно село по завршување на обуката и за судирот со традиционалното, кој го води до самоубиство. Меѓутоа, набрзо по излегувањето, актуелната власт ќе го забрани  романот „Зошто!?“ (Pse).

Изразувајќи го својот македонски културен идентитет, во периодот пред Втората светска војна, кога Албанија води силна асимилаторска политика, Стерјо Спасе станува непожелен за албанските власти во Тирана. Иако романот „Зошто“ (Pse), всушност е прв роман отпечатен во Албанија, албанските власти го забрануваат заради македонското потекло на авторот.

По ослободувањето, кога во Албанија попушта асимилаторската политика кон малцинствата, Стерјо Спасе околу 50 – тите години се сели во Тирана. Во еден период бил просветен инспектор, уредник на „Litaratura jone“ („Наша литература“), „Nеntori“ („Ноември“), „Shkolla e Re “ („Ново училиште“) и др. Во 1960 година, тој завршил висок курс за книжевност во Институтот за јазик и книжевност „Максим Горки“. Својата наобразба ја довршил во Фиренца, Италија и во Москва, Русија.

Книжевноста на Стерјо Спасе по Втората светска војна е разновидна. Автор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Напишал образовни дела, се занимавал со преводи, статии, монографии и сл. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби. Неговите дела се преведувани на неколку светски јазици.

Стерјо Спасе е автор на десетина романи. По ослободувањето, во 1952 година, тој го издава романот „Тие не беа сами“ (Ata nuk ishin vetëm, roman), во кој ја опишува борбата на албанскиот селенац против беговите. Три години потоа, во 1955 година, го издава и романот „Венера повторно во селото“ (Afërdita përsëri në fshat). Романите „Огнот" („Zjarre“ -1972), "Смрт или слобода" („Ja vdekje, ja liri“ - 1978), "Бунтовниците" („Kryengritësit“ - 1983) и други, имаат историска тематика во Стерјо Спасе ја опишува борбата на населението во Албанија против Отоманската империја.

Во меѓувреме, Спасе пишува и за најмладите. Во 1966 година издава адаптацијата на епски песни за деца „Соколица“ (Sokolesha), а две години потоа, во 1968 година и приказни за деца „Поздрави од селото“ (Të fala nga fshati).

Стерју Спасе ги забележува македонските народни песни од Преспанскиот регион, со што зазема значајно место меѓу собирачите на македонски народни умотворби. По неговата смрт во 1989 година, како дел од македонското културно наследство, под наслов „Македонски народни песни од Мала Преспа“, во 1992 година овие песни за печат ги подготвува Благоја Стојчевски.

Стерјо Спасе умира воТирана на 12 ноември 1989 година.

Оставете порака

Преглед на пораки


  • Нема оставено пораки

Приложете свеќа


Да можете да праќате​ пораки​ ​под Тажната вест/Тажниот помен​ потребно е да сте најавени на веб страната ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.

Top