Сеќавање

191 приложени свеќи

Димо Хаџи Димов

19/2/1875 - 13/9/1924

Димо Хаџи Димов , е истакнатиот македонски народен трибун, социјалист, идеолог на македонското ослободително движење. и публицист.Неговиот татко Хаџи Димко бил истакнат македонски преродбеник, кој бил често апсен од турските власти и морал да побегне во 1789 година од Серско во Дупница, Бугарија. Таму неговиот син Димо Хази Димов завршил основно училиште, а во 1891 година се запишува на Педагошката гимназија во Ќустендил. Таму ќе биде под влијание на социјалистичките идеи на својот учител Ефрем Каранов. По завршувањето на училиштето во 1894 се запишал на правниот факултет во Софија од каде бил избркан заради напредните идеи. Извесен период работи како како учител во Дупница.

Бил истакнат член на ТМОРО и еден период бил борец во чета во Малешевско и Серско. Бил близок пријател со Гоце Делчев, Јане Сандански, Васил Главинов и П.К.Јаворов. Посебно се  спријателува и станува духовен учител на Јане Сандански, за кого ќе се грижи како за свој роден брат. Познат е како сандинист. Бил присутен во селото Баница, кога во битката со турската војска загинал Гоце Делчев.  Димо Хаџи Димов се извлекол од селото и кон крај на мај се вратил во Дупница. По Илинденското востание бил идеен водач на левото крило на ТМОРО.

Својата револуционерна дејност ја развил и на теоретско поле во одбрана и заштита на македонската самобитност и самостојност. Тој е едн од авторите на Директивата за идната дејност на организацијата. Учетвува во уредувањето на органот на ВМРО „Револуционерен лист“ од јуни 1905 година, во кој се формираат најсуштинските цели на Внатрешната организација. Бил и уредник на овој весник по Рилскиот конгрес.

Својот непоколеблив став тој најпродлабочено го разработи во книгата „Македонското прашање" (Дупница, 1901). 

Сите овие активности на Димо Хаџи Димов ќе го доведат во судир со бугарската власт и со автономистичката ВМРО. Заканите кон него стануваат сѐ почести. По убиството на Тодор Александров, десницата на македонското движење се одлучува многукратно да се одмазди. На состанокот со левицата што е закажан за 12 септември 1924 година во Горна Џумаја настанува колеж на многумина истакнати левичари. На оваа средба требало да дојде и Хаџи Димов, но тој сепак не дошол. Но тоа не му помага да го избегне убиството. Веќе следниот ден, попладнето, Хаџи Димов е убиен од страна на Владо Черноземски на улиците на Софија. Закопан е на софиските гробишта до секретарот на ЦК БКП Тодор Петров и, согласно неговото атеистичко уверување, без верски обреди.

Оставете порака

Преглед на пораки


  • Нема оставено пораки

Приложете свеќа


Да можете да праќате​ пораки​ ​под Тажната вест/Тажниот помен​ потребно е да сте најавени на веб страната ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.

Top