Сеќавање

260 приложени свеќи

Фридрих Ниче

15/10/1844 - 5/8/1900

Фридрих Вилхелм Ниче (германски: Friedrich Wilhelm Nietzsche; 15 октомври 1844 - 25 август 1900) бил германски филозоф од XIX век и класичен филолог. Автор на низа текстови од областа на религијата, моралот, современата култура, филозофијата и науката, користејќи еден засебен стил и наклонетост кон метафора, иронија и афоризам. Влијанието на Ниче останува значително во и надвор од филозофијата, особено во егзистенцијализмот и постмодернизмот. Неговиот стил и радикалното преиспитување на вредноста и објективноста на вистината резултираа во голем број на коментари и толкувања, главно во континенталната филозофска традиција. Меѓу неговите најпознати идеи се: смртта на Бог, перспективизмот, вечното враќање, аполониско-дијонизиската поделба итн. Ниче ја започнува својата кариера како класичен филолог пред да се посвети на филозофијата. На возраст од 24 години, тој е назначен за професор по класична филологија на Универзитетот во Базел, но поднел оставка во 1879 година, поради здравствени проблеми кои продолжуваат да го мачат целиот живот. Во 1889 година, Ниче западнал во лудило, и за него до крајот на животот се грижеле неговата мајка и сестра сѐ до 1900 година.

Оставете порака

Преглед на пораки


  • Нема оставено пораки

Приложете свеќа


Да можете да праќате​ пораки​ ​под Тажната вест/Тажниот помен​ потребно е да сте најавени на веб страната ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.

Top