Сеќавање

231 приложени свеќи

Ѓорѓи Абаџиев

7/10/1910 - 2/8/1963

Ѓорѓи Абаџиев (Дојран, 7 октомври 1910 - Скопје, 2 август 1963) бил македонски раскажувач, романсиер, историограф, публицист и сценарист. Средно образование завршил во Горна Џумаја (Благоевград). Студирал на Правниот факултет во Софија, каде што зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија. Член бил на Македонскиот литературен кружок (1938-1941) и на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ во Софија (1946-1947). Бил уредник на весникот „Македонско знаме“ (1945-1947). По враќањето во Македонија, во 1948 година, развива плодна дејност како писател, публицист и историчар. Работел во Институтот за национална историја во Скопје и бил негов директор. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1949 година. За својата литературна работа добил повеќе награди и признанија. Добитник е на наградите за проза на НР Македонија и „11 Октомври“. Сценариото за филмот „Мис Стон“ (1958) е неговиот прв чекор во филмската уметност. 

Оставете порака

Преглед на пораки


  • Нема оставено пораки

Приложете свеќа


Да можете да праќате​ пораки​ ​под Тажната вест/Тажниот помен​ потребно е да сте најавени на веб страната ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.

Top