Сеќавање

260 приложени свеќи

Mито Хаџивасилев - Јасмин

21/12/1922 - 1/8/1968

Мито Хаџивасилев - Јасмин  (21 декември 1922 - 1 август 1968) бил македонски комунист,  политичар и новинар, наречен „првото перо“ на македонското новинарство и публицистика.

Завршува гимназија во Битола. Уште во училишните клупи почнува да соработува со напредното младинско движење. Студирал на Правниот факултет во Белград. Во 1940 година е примен во членство во КПЈ и бил член на МК на КПЈ, секретар на СКОЈ во Кавадарци, член на Вториот областен комитет на КПМ, заменик политички комесар на Третата оперативна зона и на Втората бригада и член на Обласниот комитет на НОО во Битола.

По ослободувањето, од крајот на 1945 година до 1 јануари 1948 година е главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“. Во 1962 година повторно е именуван за главен уредник на весникот „Нова Македонија“. На Основачкото собрание на Здружението на новинарите на Македонија, Хаџивасилев е избран за негов прв претседател.

Речиси две децении Хаџивасилев е член на највисоките партиски и државни органи на Републиката.  Учествува во издавањето на речиси сите централни весници во Македонија во 1944 година. Еден е од првите главни и одговорни уредници на весникот „Нова Македонија“.

Неговата богата публицистичка и теоретска дејност е собрана и објавена во неколку томови. Автор е на повеќе книги и брошури. Во негова чест, во Македонија од 1969 година се доделува државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ , со која се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. 

Оставете порака

Преглед на пораки


  • Нема оставено пораки

Приложете свеќа


Да можете да праќате​ пораки​ ​под Тажната вест/Тажниот помен​ потребно е да сте најавени на веб страната ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.

Top