Сеќавање

265 приложени свеќи

Боб Марли

6/2/1945 - 11/5/1981

Роберт „Боб“ Неста Марли (англиски: Robert "Bob" Nesta Marley) (6 февруари 1945 – 11 мај 1981) е легендарен јамајкански пејач, композитор, гитарист и растафаријанец. Тој е акредитиран со ширење на јамајканската реге музика низ светот. Компилацискиот музички албум со неговите најголеми хитови, „Legend“, од 1984 година, е најдобро-продаваниот реге албум на сите времиња (10 пати платински). Во 1977 година, на Марли му бил дијагностициран малигнен тумор на големиот прст од стапалото. Ракот можел да се отстрани со ампутација на прстот, но Mарли одбил од религиозни причини, велејќи дека според растафаријанството, „телото мора да остане цело“. Тој продолжи со музички настапи и турнеи, но еден ден, при џогирање, изгубил сила и паднал во „Централ Парк“ во Њујорк. Подоцна, летајќи од Германија кон родната Јамајка, неговата состојба се влошила и морал да слета во Мајами, каде што починал во болница на 11 мај 1981 година. Марли имал 13 деца. 

Оставете порака

Преглед на пораки


  • Нема оставено пораки

Приложете свеќа


Да можете да праќате​ пораки​ ​под Тажната вест/Тажниот помен​ потребно е да сте најавени на веб страната ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.

Top