Сеќавање

246 приложени свеќи

Aцо Шопов

20/12/1923 - 20/4/1982

Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 - 20 април 1982) бил истакнат македонски поет, академик и преведувач. Тој е еден од основоположниците на современата македонска книжевност. Неговата прва збирка „Песни“ (1944) e прва книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија ДПМ и негов член од основањето во 1947 год., прв претседател на Советот на фестивалот Струшки вечери на поезијата и претседател на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија. Член на Македонска академија на науките и уметнстите (МАНУ) од нејзиното основање (1967). Член на Македонскиот ПЕН центар. Прв директор на издавачката куќа Кочо Рацин од Скопје, Ацо Шопов бил и долгогодишен директор на издавачката куќа Македонска книга, како и главен уредник на повеќе списанија меѓу кои и сатиричниот весник „Остен“. Амбасадор на СФРЈ во Сенегал (1971 - 1975), Ацо Шопов ја завршува својата кариера како претседател на Републичката комисија за културни врски со странство.

Оставете порака

Преглед на пораки


  • Нема оставено пораки

Приложете свеќа


Да можете да праќате​ пораки​ ​под Тажната вест/Тажниот помен​ потребно е да сте најавени на веб страната ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.

Top