Познати личности

Џими Хендрикс

27/11/1942 - 18/9/1970

Џејмс Маршал "Џими" Хендрикс (27 ноември 1942– 18 септември 1970) e aмерикански гитарист, композитор и пејач на рок и блуз музика, кој извршил огромно влијание врз развојот на рок музиката. Денес, кај рок критичарите постои консензус дека тој е најголемиот гитарист во историјата на рок музиката и еден од највлијателните музичари на неговото време во различни жанрови. На 18 септември 1970 година, од хотелската соба во Лондон, каде што била сместена девојката на Хендрикс - Моника Данеман, било повикано амбулантно возило. Данеман повикала брза помош откако не можела да го разбуди Хендрикс. Болничарите го нашле Хендрикс како лежи неподвижен, со траги од повраќање околу устата, при што, било утврдено дека тој испил девет апчиња за спиење.
Оставете порака

Преглед на пораки


  • Нема оставено пораки

Да можете да праќате​ пораки​ ​под Тажната вест/Тажниот помен​ потребно е да сте најавени на веб страната ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.

Top