Сеќавање
Цеко Стефанов – Попиванов (Кочани, 27 септември 1907 – Скопје, 20 септември 1944) е македонски поет, писател и новинар. Во 1943 година одиграл контроверзна улога во убиството на 13 симпатизери на НОБ и партизани од страна на бугарските окупациски сили.
Рано се приклучува кон работничкото движење. Во 1926 година учествува на Вториот конгрес на СКОЈ во Виена.
Заедно со Чедомир Миндеровиќ во 1932 година ја објавува збирката поезија „Документи“, а во 1933 година ја објавува својата најзрела поетска творба, репортажната поема „Мата Теглач“. Критиката доста поволно ја оценува оваа поема, но набрзо неговиот татко Стефан Попиванов е уапсен од Сталиновата полиција во СССР како агент-провокатор и како реакција на тоа левоориентираните публикации во земјата му ги затвораат вратите на Стефанов. Во 1938-1939 година ја пишува драмата „Земјата“ на македонски народен јазик, во 1940 година, заедно со Радослав Гогиќ, ја објавува репортажата „Поданици на ничијата земја“ (за фашистичкиот прогон на Евреите), а во 1941 година објавува избор од својата поезија под наслов „Оризови полиња“.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.