Сеќавање
Стенли Кјубрик ( 26 јули 1928 – 7 март 1999) бил американски режисер, писател, продуцент и фотограф чии филмови се сметаат за класици во светската кинематографија. Кјубрик е познат по внимателноста со која ги одбирал темите, бавното темпо на работа, жанровската разновидност, техничкото совршенство, одбивањето да зборува за своите филмови и оддалечувањето од јавниот живот. Тој секогаш имал потполна контрола врз своите филмови и ги правел на свој начин и без временски ограничувања, но и секогаш имал финансиска поддршка од големите филмски студија, што е ретка привилегија.
Филмовите на Кјубрик се карактеристични по формалниот визуелен стил и извонредната композиција на фотографија во која се внимава на најситни детали. Неговите подоцнежни филмови содржат елементи на надреализам и експресионизам, а често и немаат линеарна нарација. Некои ги гледаат филмовите како одраз на опсесивната и перфекционистичка природа на Кјубрик. Една од темите која се повторува во неговите филмови е човековата нехуманост кон човека. Некои критичари велат дека филмовите содржат ироничен песимизам, но други сметаат дека, при внимателно набљудување, филмовите всушност содржат еден вид претпазлив, воздржан оптимизам.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.