Сеќавање
Фреди Меркјури (5 септември 1946 - 24 ноември 1991) — британски музичар и рок-ѕвезда, најмногу познат како водечки вокал и текстописец на рок групата „Квин“. Како изведувач, беше познат по својата екстравагантна сценска личност и моќни вокали со опсег од над четири октави. Како текстописец, Меркјури компонираше многу хитови за „Квин“. То јпочина од бронхо – пневмонија предизвикана од СИДА на 24 ноември 1991 година, само еден ден откако јавно призна дека е заболен. Меркјури е роден во Занзибар и таму израснал, исто така како тинејџер живеел во Индија, го нарекоа „првата азиска рок ѕвезда во Британија“.Во 2006 година, „Тајм Азиа“ го именуваше како еден од највлијателните азиски херои во изминатите 60 години, а и понатаму добива најмногу гласови за најдобар пејач во историјата на популарната музика. Во 2005 година, на анкета организирана од Блендер и Ем-Ти-Ви 2, Меркјури беше најдобар машки пејач на сите времиња. Во 2009 година, на анкета на Класик Рок, беше најдобар рок пејач на сите времиња. Во 2008 година, уредниците на „Ролинг Стоун“ го рангираа на 18-тото место на нивната листа на 100 најдобри пејачи на сите времиња. „Олмјузик“ го окарактеризира Меркјури како „еден од најдобрите рок забавувачи на сите времиња“, кој поседуваше „еден од најдобрите вокали во целата музика“.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.