Сеќавање
Георг Вилхелм Фридрих Хегел (германски: Georg Wilhelm Friedrich Hegel; 27 август 1770 – 14 ноември 1831) бил германски филозоф роден во Штутгарт, во војводството Виртемберг, денешна југозападна Германија. Неговото влијание е широко распространето врз најразлични писатели, вклучувајќи ги неговите следбеници (Ф. Х. Бредли) и неговите противници (Кјеркегор, Шопенхауер, Хајдегер). Хегел е познат по својот подвиг да елаборира опсежна и систематска онтологија тргнувајќи од логички почеток. Неговото најзначајно и најпознато дело е „Феноменологија на духот“ (1807).
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.