Сеќавање
Едгар Алан По (англиски: Edgar Allan Poe) (19 јануари 1809 - 7 октомври 1849) бил американски писател, поет, уредник, критичар, еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник на симболизмот.
Најпознат по своите мистериозни и раскази за макабрата, По е еден од првите американски писатели на раскази и се смета за творец на детективската и криминалистичката проза. Исто така, нему му се припишува и заслугата за појавата на научната фантастика.
Тој е првиот познат американски писател кој живеел само од пишување, што се резултирало во финансиски тежок живот и кариера.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.