Сеќавање
Името и ликовното дело на Вангел Коџоман е вградено во темелите на модерната уметност во Македонија. Тој е ликовен уметник и еден од малубројните кој во почетокот на триесетите години на минатиот век, во историски неповолни услови, ја запозчнал својата творечка активност.
Роден на 14 февруари 1904 година во Струга. По завршувањето на Уметничката школа во Белград во 1928 година го продолжува студирањето на двегодишниот академски курс кај проф. Милан Миловановиќ. Кон крајот на септември 1945 г. доаѓа во ослободеното Скопје каде се вработува како професор во Училиштето за применета уметност во Скопје, од 1952 г. работи како професор на Вишата педагошка школа во Скопје. Остварува повеќе самостојни изложби и учествува на поголем број групни изложби, во 1953 г. заедно со Личеноски и Мартиноски ја претставува македонската ликовна уметност на изложбата „Половина век на југословенското сликарство, 1900-1950" во Модерната галерија во Загреб.
Личниот придонес на Коџоман, изграден врз искуствата на постимпресионзмот, фовистичките и експресионистичките искуства во ликовната уметност, едновремено настојувал во својата постапка да ги вклучи сталожените искуства на модерната уметност. Неговото дело е од големо значење особено поради тоа што се смета за еден од основачите на Средното уметничко училиште во Скопје, Друштвото на ликовните уметници во Македонија и како учесник во народно-ослободителната и антифашистичката војна на територијата на Македонија.
Починал во Скопје на 28 септември 1994 година.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.