Сеќавање
Марија Калас (англиски: Maria Callas, грчки: Μαρία Κάλλας) (2 декември 1923, Њујорк – 16 септември 1977, Париз) била американско-грчки сопран, една од најпопуларните и најконтроверзните оперски пејачки на сите времиња. Својот успех го должи на неверојатните гласовни можности, моделирани по најсуштествените принципи на белкантото, но и на исклучителните интерпретациски и артистички способности со кои доминира на сцената. Нејзиниот репертоар се протегал од улоги од драмскиот Вагнеров фах, преку комплексните ликови на хероините од оперите на Џузепе Верди и Џакомо Пучини, па сѐ до исклучителните колоратурни партии од композиторите на белкантото, Винченцо Белини и Гаетано Доницети, чии неколку опери самата лично ги „ископува од правта“ на театарските архиви и ги вцврстува во стандарниот оперски репертоар.
Исклучително чудлива личност, полна со испади и скандали; врската со Аристотел Оназис, како и можното ривалство со Рената Тебалди, допринесува медиумите сето тоа да го пренагласат и да влијаат врз текот на нејзиниот живот. Сепак, денеска таа претставува синоним за оперска дива, име кое има оставено неизбришлива трага врз оперската уметност. Во 2013 година, во октомвриското издание на списанието "Класик војс" (Classic Voice), по повод одбележувањето на 200-годишнината од раѓањето на Верди, во анкетата спроведена на сто најголеми оперски имиња, Калас била убедливо прогласена за најдобар интерпретатор на оперите на Верди. Имено, во анкетата со која биле опфатени сто најголеми оперски имиња во светот, Калас била убедливо прва, со далеку најголем број гласови пред второпласираниот Пјеро Капучили и третопласираната Рената Тебалди.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.