Сеќавање
Херман Хесе (германски: Herman Hesse) (2 јули 1877 - 9 август 1962) бил германски писател, поет и сликар, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1946 година. Хермена Хесе е роден на 2 јули 1877 година во Калв (Calw), во Виртемберг. Татко му бил балтичко-германски мисионер, а мајка му била ќерка на виртембершкиот индолог. Хесе починал на 9 август 1962 година, во Монтањола, во близината на Лозана. Творештвото на Хесе е обемно, а неговите дела уживаат голема популарност. Неговите романи, раскази и политички и културно-критички есеи се отпечатени во над 80 милиони примероци ширум светот, со што тој го стекнал статусот на најчитан европски писател во Америка и во Јапонија во 20. век. Најпознати дела на Хесе се: „Степскиот волк“ (Der Steppenwolf), „Игра со стаклените бисери“ (Das Glassperlenspiel), „Сидарта“ (Siddhartha), „Демијан“ (Demian) итн.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.