Сеќавање
Карл Густав Јунг (Carl Gustav Jung) (26 јули 1875 – 6 јуни 1961) бил швајцарски психијатар, основач на движењето познато како аналитичка психологија. Медицина дипломирал и докторирал во Базел. Во 1904-та година го разработил методот на тестирање кој станал стандардна постапка во откривањето на „комплекс“.И покрај тоа што Јунг му се восхитувал на Фројд, тој никогаш не се согласил со неговата теорија и затоа решил да не тргне по стапките на својот ментор. Јунг го посветил својот живот на истражување на човековиот ум. Јунг е зачетник на тн. комплексна психологија во која се разликуваат два слоја на потсвесното: лично потсвесно, дадено со онтогенеза и со лично искуство, и колективно потсвесно, во кое се наталожени својства стекнати со филогенеза и со општиот историски развој.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.