Сеќавање
Гане Тодоровски (Скопје, 11 мај 1929 - Скопје, 22 мај 2010) бил македонски поет, преведувач, професор, есеист, книжевен критичар, историчар и публицист. Работел како новинар воТанјуг, „Млад борец“ и „Студентски збор“. Бил долгогодишен професор по хрватска и македонска книжевност — XIX век на Филолошкиот факултет во Скопје. Претежно се занимава со поезија и препеви. Има издадено повеќе збирки поезија. Се занимава и со критика и есеистика. Бил уредник на книжевните списанија: „Иднина“, „Современост“, „Културен живот“, „Млада литература“, „Разгледи“ и други. Пишува и филмски сценарија. Починал на 22 мај 2010 година. Закопан е во црквата „Свети Спас“ во скопското село Кожле на 26 мај 2010 г. Негова последна желба било токму во ова село да биде погребан и неговата песна „Завет“ да биде прочитана на погребот. И желбата му била исполнета.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.