Сеќавање
Паскал Сотировски (Врбен, Гостиварско, 23 ноември 1927 - Париз, Франција, 20 јануари 2003) бил светски познат македонски научник -астрофизичар. Во 1961 година од Скопје испратен е на специјализација по астрофизика на Сорбона, Париз. Таму дипломирал астрофизика и станува член на Францускиот Национален Центар за научни истражувања - високо признание во научните кругови. Тој е член и на Одделението за соларна и планетарна астрономија на Франција, а 1991 година е избран за член на МАНУ, надвор од работниот состав. Д-р Паскал Сотировски имал свој кабинет во обсерваторијата „Медон” во Париз, неговите трудови се објавувале во сите научни списанија ширум светот.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.