Сеќавање
Гане Тодоровски (Скопје, 11 мај 1929 - Скопје, 22 мај 2010) бил македонски поет, преведувач, професор, есеист, книжевен критичар,историчар и публицист. Во 1951 година станува член на Друштвото на писателите на Македонија, а во два наврати (1969-1971 и 1985-1986) е и негов претседател. Бил претседател и на Советот на Струшките вечери на поезијата (1970-1971) и одговорен уредник на списанието „Млада литература“. Член е на МАНУ од 1997 година. Во 1990 година Тодоровски е избран за прв претседател на Движењето за семакедонска акција МААК. Подоцна е назначен за прв амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.