Сеќавање
Дамјан Јованов Груев или само Даме Груев (Смилево, 19 јануари, 1871 - Русиново, 23 декември, 1906) — македонски револуционер, основач и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација. Возвишуван е како апостол и волјa на револуционерна Македонија.[1][2]
Се родил во селото Смилево, тогаш во Османлиското Царство, а денес во Македонија, во семејството на Јован и Тула. Се школувал во родното село Смилево, Ресен и Битола, Солун и Белград и во Софија, каде што студирал историја на Високата школа. Во Солунската егзархиска гимназија Св. Кирил и Методиј (1887/1888) учествувал во големиот бунт на учениците во борба против бугарската пропаганда во Македонија, со барање за воведување во настава на македонски народен говор, а во Гимназијата во Белград во бунтот против српската пропаганда. На Универзитетот во Софија го формирал Македонското студентско друштво, кое имало за цел ослободување на Македонија од османлиската власт. Меѓутоа поради убиството на бугарскиот министер за финанси, Белчев, Македонското студентско друштво се самораспуштило, а Даме заминал за Македонија.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.