Сеќавање
Анте Поповски (Лазарополе, 3 јуни 1931 - Скопје, 1 октомври 2003) — македонски поет, есеист, препејувач и публицист. Дипломирал медицина, но решил да си го посвети животот на литературата. Учествува во основањето на МААК. Бил директор на НИП „Нова Македонија“ и на „Вардар филм“, а во два мандати и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член на МАНУ од 2001 година.
Избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција, Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија, Индија.
Добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Гоцева повелба“ и на Меѓународната награда за најдобра песна „Premio Europa“.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.