Сеќавање
Блаже Конески (19 декември 1921 – 7 декември 1993) — истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.
Блаже Конески е најграндиозната наша фигура во времето на слободен живот. Тој е личноста што се нурна најдлабоко во Македонското минато и што се извиши највисоко во Македонската иднина. Со него станавме препознатливи во светот. Во исклучителни времиња за еден народ се раѓаат и исклучителни личности. А има ли поисклучително време за Македонскиот народ од времето во кое тој ја извојува својата слобода.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.