Сеќавање
Џон Винстон Ленон, МБЕ (подоцна Џон Оно Ленон) (9 октомври 1940– 8 декември 1980) е познат како пејач, композитор и гитарист на групата Битлси. Неговата креативна кариера содржи и епизоди во кои Ленон може да се опише како политички активист, уметник, актер и писател. Дел е од тимот Ленон-Мекартни, можеби најуспешното кант-авторско дуо во историјата на рок-музиката. Тој е една од големите музички икони на дваесетиот век. Негова жена е Јапонката Јоко Оно, со која се венчал на 20 март 1969 година. На 8 декември 1980 година Ленон е застрелан од еден негов психички пореметен обожавател, Марк Дејвид Чепмен, во Њујорк.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.