Познати личности
Курт Доналд Кобејн (20 февруари 1967 - 5 април 1994) бил американски музичар, најпознат како водечки вокал, гитарист и текстописец на гранџ-бендот Нирвана. Нирвана стана група предводник на таканаречената Генерација Икс, а Курт Кобејн како водач на групата Нирвана од медиумите е обележан какогласник на генерацијата. За време на последните неколку години од неговиот живот, Кобејн водел борба со зависноста од дрога, како и со низа професионални и приватни притисоци кои го опкружувале него и неговата сопруга. На 8 април 1994 година, Кобејн е пронајден мртов во својот дом во Сиетл, според официјалните наоди тој е жртва на самонанесена истрелна рана во главата.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.