Сеќавање
Франсоа Огист Рене Роден (француски: François-Auguste-René Rodin) (12 ноември 1840 - 17 ноември 1917) бил познат француски скулптор. Поради неговите извонредни дела тој се смета за основоположник на модерната европска скулптура. Работел во истиот период со сликарите импресионисти. Негова најзначајна заслуга е внесувањето на психолошкиот елемент и послободното третирање на скулптурската материја и на фигурата. Роден е еден од малкуте скулптори кои се широко познати надвор од заедницата за визуелни уметности. Негови најпознати дела се „Мислителот“, „Бакнежот“, „Граѓаните на Кале“ и „Балзак“.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.