Сеќавање
Франц Кафка ( 3 јули 1883 во Прага – 3 јуни 1924 во Виена) бил еден од водечките писатели на германски јазик од XX век. Најголемиот дел од неговите дела се објавени постхумно. Неговото уникатно дело продолжува да ги предизвикува критичарите и обиди за негова класификација генерално завршуваат без успех. Во неговите најпознати дела, романите „Процес“ и „Замок“, како и новелата „Преобразба“, Кафка говори на теми како корупцијата на бирократите, алиенацијата и немоќта на поединецот да влијае врз општествените случувања.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.