Сеќавање
Хелен Адамс Келер (27 јуни 1880 - 1 јуни 1968) била американска активистка и писателка, која била глува и слепа и која и покрај тоа постигнала многу во својот живот. Веќе позната по својата голема волја, Хелен Келер станала светски познат говорник и автор. Борбата против сетилните хендикепи станала нејзина животна мисија. Во 1915 година ја основала “Хелен Келер Интернационалата”, непрофитна организација за спречување на слепилото. Таа била член на Социјалистичката партија на Америка и активно учествувала во кампањите и пишувала во прилог на работничката класа од 1909 до 1921 година. Во 1920 година била една од основачите на Американската унија за граѓански слободи. Голем дел од својот подоцнежен живот Келер го посветила на собирањето парични средства за Американската фондација за слепи. Во 1960 година била објавена нејзината книга “Светлина во мојата темнина”. Таа исто така напишала и обемна автобиографија. Вкупно има напишано 11 книги и бројни статии. Починала на 1 јуни 1968 година на 87-годишна возраст.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.