Сеќавање
Марлен Дитрих (Берлин, 27 декември 1901 - Париз, 6 мај 1992) била германско - американска актерка, пејачка, и забавувачка. Родена е како Марија Магдалена Дитрих, а од 1912 се прекрстува во Марлен, име што го добила со спојување на првите две имиња. Се смета за прва германска актерка која успева во Холивуд. Била муза на режисерот Јозеф фон Штернберг. За време на нејзината долготрајна кариера, Дитрих постојано се преобмислува себеси: започнува како пејачка во кабаре, хористка и филмска актерка во Берлин во текот 1920-те години за во наредната деценија да биде вистинска холивудска ѕвезда; потоа станува забавувачка на фронтовската линија за време на Втората светска војна и меѓународен сценски изведувач, за на крајот, конечно, да се претвори во култна икона на 20-тиот век. Американскиот Филмски Институт ја прогласува Дитрих за деветта најголема женска филмска ѕвезда на сите времиња. Во 2002 година, постхумно, станува почесен граѓанин на Берлин.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.