Сеќавање
Џорџ Гордон Бајрон, шестиот барон Бајрон (Лондон, 22 јануари 1788 -19 април 1824, Мисолонги) бил англо-шкотски поет и водечка фигура во романтизмот. Тој бил олицетворение на слободен човечки дух во бунтот против поредокот и рамките на тогашното општество, па оттука и неговата голема популарност кај европските народи, кои биле под јаремот на туѓинскиот и на домашниот деспотизам. Меѓу неговите најпознати дела се „Странствувањето на Чајлд Харолд“ и „Дон Жуан“. Последново дело останало недовршено по неговата смрт.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.